20.07.2012, 16:15 Педофил силувал 13-годишно момче
Штип – Македонската полиција трага по кочанчанецот К.А. (51) на кого на 17 овој месец му се загубила секаква трага откако претходно извршил полов напад врз 13- годишно момче од соседството.
Вчера во полицијата во Кочани дошло 13-годишно момче во придружба на својот чичко и пријавило полов напад од К.А. Настанот се случил пред една недела кога малолетникот си играл со другар на улица. Во еден миг на момчињата им пришол К.А. и на децата им рекол дека ќе им продаде убав мобилен телефон по многу евтина цена. Децата не несетувајќи ништо лошо, го послушале и заедно влегле во неговата куќа во која педофилот живеел сам. Откако тројцата влегле во куќата, К.А. ја заклучил вратата, го фрлил 13-годишното момче на кревет и извршил силување врз него. Другото дете успеало да ја отклучи вратата по што и двете деца побегнале од куќата. Два дена по настанот, мајката на К.А. дошла во полицијата во Кочани и го пријавила својот син за изчезнат по што полицијата почна потрага по него. (И.Б.)
|