20.07.2012, 15:49 Почнаа подготовките за „Крушево - етноград“
Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 26 јули пред споменикот „Илинден“
Жителите на Крушево почнаа да се подготвуваат за годинашната манифестација „Крушево - етноград“ што неколку години се одржува во пресрет и за време на Илинден и историскиот 2 Август.
Крушевчани се костимираат во носии, облекуваат костими на комити и чорбаџии за да им ја доловат сликата од историската 1903 година на туристите што се очекуваат во градот.
Градоначалникот Василчо Дамчевски и крушевските угостители викендов во чаршијата ќе организираат староградска чаршиска комитска вечер.
Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 26 јули пред споменикот „Илинден“, каде што ќе настапат голем број културно-уметнички друштва. |