20.07.2012, 16:32 Ренова ќе го пропушти Ливерпул, Металург со Плзен
Ренова доби нова причина да жали поради лошиот резултат во првиот меч со Гомел
Ако направи чудо и ги анулира овие 2:0 од Куманово, тимот од Џепчиште ќе се пресмета со Ливерпул. Металург се' уште реално може да се надева дека ќе го помине Рух Хоржов и, најверојатно, ќе заигра против Викторија Плзен која речиси го доби двомечот од второто коло со Металург Рустави.
Двајца наши интернационалци може да се сретнат во третото коло, ако успеат да го минат второто, Славчо Георгиевски со Интер Баку и Баже Илиоски со Рапид Букурешт. Дачија на Горан Димоски и Ерсан Сали би вкрстила со Хорсенс, Војводина на Даниел Мојсов оди на Рапид Виена, а Даниел Георгиевски со Стеауа ќе игра со Спартак Трнава/Слиго Роверс. (В.А.)
|