18.07.2012, 13:19 Џереми Лин и официјално нов играч на Хјустон
Њујорк не ја израмни понудата на екипата од Тексас, која на плејмејкерот му овозможува тригодишен договор вреден 25,1 милиони долари
НБА сензацијата од минатата сезона, Џереми Лин е нов член на Хјустон, откако Њујорк не ја израмни понудата на екипата од Тексас, која на плејмејкерот му понуди тригодишен договор вреден 25,1 милиони долари.
Доколку тоа се случеше, Лин и во иднина ќе го носеше дресот на никси, но водечките луѓе на клубот од „големото јаболко“ сметаа дека е нереално да му се платат 25 милиони долари за тригодишен договор на кошаркар кој што има одиграно само неколку месеци на највисоко ниво, а згора на тоа имаше и сериозни проблеми со повредите во финишот од ланската сезона.
Во регуларниот дел од сезоната Лин во просек по натпревар имаше 14,2 поени и 6,2 асистенции. Плејоф серијата против Мајами тој ја пропушти поради повреда на стапалото.
„Пресреќен и горд сум што ќе бидам дел од Хјустон рокетс. Исто така, голема благодарност до Њујорк никс за шансата што ми ја укажаа, ланската година беше убедливо најубавата во мојот живот“ - порача Лин преку својот твитер профил.
|