Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.07.2012, 10:19
Вардар без бело знаме во Борисов



„Црвено-црните“ попладнево (18 ч.) гости на белорускиот тим БАТЕ во првиот меч од второто коло во квалификациите за ЛШ

Сашко Ѓ. Димовски

Вардар се враќа на европската фудбалска сцена по пауза од пет години. Последен пат беше дел од неа во сезоната 2007/08 и дуелите со кипарски Анортозис во Лига Европа (0:1, 0:1) и оттогаш не одиграа ниту еден официјален меѓународен меч од натпреварувачки карактер. Се' до попладнево (18 ч.) и гостувањето кај белорускиот првак БАТЕ Борисов во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампиони.

Ривалот е фаворит, но „црвено-црните“ отпатуваа во Белорусија со порака дека немаат намера да развиорат бело знаме. Го добија задоволството да ја претставуваат својата држава во најелитното континентално клупско натпреварување, ќе играат за своја чест и враќање на сопствениот углед и притоа ќе имаат обврска да се обидат да ја одмаздат Македонија Ѓорче Петров, која во сезоната 2009/10 беше елиминирана од истиот противник, во истата фаза, во истото ова натпреварување. И ќе сторат се' што е во нивните можности да успеат во мисијата. Дека нема да биде лесно се свесни и самите, меѓутоа пријатно изненадува оптимизам што го понесоа со себе во Белорусија. Нагласија дека размислуваат на победа како што било случај досега и како што ќе биде и во иднина. Тренерот Илчо Ѓорѓиоски, кој патем ги водеше и ѓорчепетровци против Белорусите пред три години, не може да смета единствено на дефанзивецот Раденко Бојовиќ. Но, според него, тоа не е пречка за добро издание на вардарци на стадионот „Годоскои“ во Борисов.

„Бојовиќ нема да игра попладнево и на тоа не треба да се гледа дека Вардар не може без него. Ќе биде тешко, ќе недостасува, но неговото отсуство мора да се надомести. Фокусирани сме на нас, на нашата игра и амбиции. Затоа ќе сториме се' што може за да обезбедиме што поповолен резултат за реваншот во Скопје“, истакна Ѓорѓиоски пред заминување за Белорусија.

И додека Вардар се остри да го замолкне фаворизираниот ривал и неговите фанови на трибините, Белорусите порачуваат дека македонскиот шампион е „прочитан“ и нема со што да изненади попладнево.

„Имаме доволно сознанија за Вардар, за неговата игра, за играчкиот кадар. Ништо не може да не' изненади“, самоуверено нагласи тренерот на БАТЕ Борисов, Виктор Гончаренко, чиј тим е во непријатна резултатска серија за која, како што вели, домашното првенство е едно, а Европа е сосема нешто друго.

„Резултатите што ги бележиме во последниот период се неочекувани, лоши. Меѓутоа дуелите со Вардар се европски, а мојата екипа има доволно страст, концентрација и мотиви да одговори на потребниот начин и да го постигне посакуванио�� ефект во вакви натпреварувања. Желбата за победа е огромна, амбициите за пласман во групната фаза исто така“, дополни шефот во соблекувалната на БАТЕ Борисов, кој за денешните 90 минути со Вардар остана без услугите на Дмитри Бага и Ренан Брешан, играчи за врска, кои се сметаат за основа во фудбалската концепција и филозофија на шампионот на Белорусија.



Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар



Ренова поразена од Гомел со 0
Металург со два голa негатива ��е враќа од Полска
Олимпиското злато вреди 620 долари
Сто денари влезница за реваншот со БАТЕ
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Ракометарите повторно во група против Данска
Ренова сака чиста мрежа со Гомел
Металург по гол во Хоржов
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Комплетирано второто квалификациско коло од Лигата на шампиони
Репрезентацијата до 16 години почнува со настапите во Букурешт
Нов пораз на младите македонски кошаркари
(ВИДЕО+ФОТО) Вардар прокоцка победа кај БАТЕ во 120 секунди
Штрајк на таксистите во Лондон
Грент Хил во ЛА Клиперс
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Џереми Лин и официјално нов играч на Хјустон
Дејвид Бекам му ја исполни желбата на болен обожавател
Франк Шлек допингуван и исфрлен од Тур де Франс
Ибрахимовиќ потпиша за Пари Сен Жермен
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Комплетот билети за ЕП во Србија од 13 до 172 евра
Меси, Роналдо и анонимниот Дејвис во трка за најдобар играч во Европа
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Добредојде за првите олимпијци
Блатер се сомнева дека СП 2006 било купено

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 8 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Двајца спортисти на Олимпијадата ќе настапуваат самостојно и нема да претставуваат ниту една држава...
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Организаторите се уште доцнат со водоинсталатерските работи во Олимпиското село, па спортистите немаат вода за пиење
...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР
Брајант не може да замисли да не освои злато
Трудница на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |