19.07.2012, 11:43 „Зa Mакедонцките работи“ на Мисирков на германски јазик
Книгата на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“ излезе на германски јазик во превод на проф. д-р Волф Ошлис
Друштвото за издавачка дејност „МАКЕДОНИКА литера“ од Скопје ја објави книгата на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“ на германски јазик, во превод на проф. д-р Волф Ошлис од Германија. Ошлис е и автор на обемниот аналитичен и студиозен предговор кон ова издание.
На корицата е објавена стара географска карта на Македонија од околу 1750 година изработена од Антон Бишинг, а картата е една од многуте од колекцијата на Ошлис на стари германски карти за Македонија.
Волф Ошлис (Wolf Oschlies) е познат македонист, славист, политички научник, новинар и експерт за Источна Европа. Роден е во 1941 година во Конигсберг. Студирал славистика на универзитетот во Хамбург. |