18.07.2012, 13:59 Антонио Бандерас бара прошка од сопругата Мелани Грифит
Причина се наводните додворувања на актерот на помладите колешки, придружени со љубоморни испади на неговата сопруга
„Антонио на сите можни начини сака да ја врати довербата на сопругата. Во последно време и' купува романтични подароци, и' шепоти нежни зборови и и' испраќа пораки и цвеќиња. Сето тоа е само за повторно да ја придобие, зашто е свесен дека Мелани би можела да го остави“ – им открил на новинарите пријател на Антонио Бандерас и Мелани Грифит.
Имено, бракот на 51-годишниот актер и неговата три години постара сопруга, последниве месеци е на несигурни нозе. Причина се наводните додворувања на актерот на помладите колешки, придружени со љубоморни испади на неговата сопруга. Затоа не изненадува што 54- годишната Грифит пред неколку дена е снимена на прошетка без венчалниот прстен.
„Отсекогаш го држела на узда. Знаеше дека Антонио ќе ги види тие слики, па го искористи медиумското внимание да му порача: ’Ако не се смириш, ќе останеш без семејство!’ Тие двајцата сигурно ќе останат заедно, но тоа ќе се реши дури откако Мелани ќе му го растресе тлото под нозете“- рекол пријател на парот.
|