19.07.2012, 11:49 Бугарското МВР објави фотографија од потенцијалниот самоубиец
Мажот кој е осомничен како извршител на крвавиот терористички напад носел бермуди, ранец и капче, соопшти бугарскиот министер за внатрешни Цветан Цветанов
Министерството за внатрешни работи на Бугарија, објави фотографии на потенцијалниот извршител на терористичкиот акт во Бургас, соопшти прес центарот на министерството.
Мажот кој е осомничен како извршител на крвавиот терористички напад носел бермуди, ранец и капче, соопшти бугарскиот министер за внатрешни Цветан Цветанов.
Истиот користел и фалсификат документ, возачка дозвола од Американската држава Мичиген.
|