20.07.2012, 16:54 Ставрески: Голем интерес за средствата од ЕИБ
Македонските компании имаат голем интерес за средствата од новата кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка, вели министерот за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека во една или две од деловните банки во кои се поднесуваат барањата, има интерес за кредити во вкупен износ од по 10 милиони евра. „Банките се' уште се во фаза на разгледување на поднесените барања и се очекува првите кредити да бидат одобрени на средината на август“, рече министерот.
Кредитната линија од ЕИБ е достапна од 10 јули годинава. Може да се поднесуваат за ликвидни средства и за инвестициски проекти. (Ек.Р.)
|