20.07.2012, 16:58 Пожарот во Мариово трет ден активен

Пожарот во Мариово е трет ден е активен, додека шумскиот пожар во подножјето на Кожуф е локализиран
Трет ден е активен пожарот во Мариово кај селото Витолиште, близу границата со Грција кај месноста Орлова Вода.
Околу 60 луѓе, најголем дел од шумското претпријатие „Црн Бор“, четири пожарникари и неколку лица од Кавадарци се обидуваат да ја локализираат стихијата.
Според надлежните од „Црн Бор“, зафатени се 40 хектари нискостеблеста шума. Од едната страна пожарот е локализиран и не може да се шири.
Додека е локализиран и под целосна контрола шумскиот пожар на Ѓупка, во подножјето на Кожуф, кој денеска зафати 150 хектари од ниските предели засадени со даб и јавор до повисоките букови шуми.
На терен се мобилизираните екипи од противпожарната единица Гевгелија, подружницата на шумското стопанство Кожуф, како и вработени од комуналното претпријатие и локалната самоуправа.
Проценките се дека моментно нема опасност од ширење на огнот зашто е целосно опкружен со заштитни ровови. Исклучена е и можноста од негово префрлување на грчка територија.
До целосно гаснење на пожарот мобилизираните екипи ќе останат на терен бидејќи критично време за негово евентуално ширење се попладневните часови кога се појавуваат шумските ветрови. |