18.07.2012, 09:00 Заменик-генералниот секретар на НАТО во посета на Македонија
Ова е прва посета на Вершбоу по стапување на функцијата во февруари годинава
Заменик генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбоу, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија.
Ова е прва посета на Вершбоу на Македонија по стапување на функцијата во НАТО во февруари годинава.
Предвидено е амбасадорот Вершбоу да биде примен од премиерот Никола Груевски, како и да има средби со министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот за одбрана Фатмир Бесими.
Се очекува на средбите да стане збор за актуелните односи меѓу Република Македонија и НАТО, имплементацијата на целите и активностите во Годишната национална програма за членство на Република Македонија во НАТО, со посебен акцент на перспективите за што побрзо зачленување на нашата земја во Алијансата.
|