18.07.2012, 17:02 Аеродром со цркви на секој чекор
Од макети, преку параклиси, па до вистински храмови никнаа за нецела година
Деспина Трајковска
Ако се суди по бројот на црквите што се изградија и допрва ќе се градат на подрачјето на општина Аеродром, градоначалникот Ивица Коневски и жителите на оваа општина испаднаа најголеми верници. Претходно речиси и да немаа верски објект во општината, а сега некој и не може да ги доброи. Од макети, преку параклиси, па до вистински храмови никнаа за нецела година. Најтазе случај е започнатата изградба на дури две цркви и тоа на релативно мало растојание. Едната што почна да се гради веднаш до паркот со авионот, а другата во Реонски центар, и двете како донација на приватни компании. Неодамна, пак, црквички-макети како декорација се поставија на преуредената раскрсница кај ТЦ „Скопјанка“, а веќе неколку месеци паркот „Јане Сандански“ го краси параклис „Свети Никола“. Деновиве, пак, интензивно привршува изградбата на параклисот кај „Мајчин дом“ и на оној на булевар „Србија“ во близина на бензинската пумпа на „Макоил“.
И дури овие цркви за кусо време станаа реалност за аеродромци, многумина од нив се прашуваат зошто Општината не ја доизгради црквата „Свети Илија“ кај поликлиниката Јане Сандански, која се најавуваше дека ќе стане централен верски објект во општината со сите придружни елементи. Таа почна да се гради пред повеќе од седум години, но, се' уште проектот не е реализиран до крај.
„Еднаш засекогаш на граѓаните треба да им стане јасно дека Општината не ги гради црквите, тие се проекти или на МПЦ или во нив инвестираат донатори. Општината во случајов единствено обезбедува локација за изградба на објектите. За конкретната црква надлежна е Македонската православна црква, вели градоначалникот Ивица Коневски, кој не се согласува со констатациите на дел од јавноста дека Аеродром се преплави со ве��ски објекти. Посочува дека од сите досега изградени и допрва што ќе се градат, само две цркви реално ќе бидат на услуга на верниците. Онаа што се гради кај паркот со авион, која по желба на инвеститорот ќе го носи името на светецот „Јован Крстител“ и таа во Реонски центар -„Света Софија“.
„Во нив ќе можат да се служат верски обреди, да се одбележуваат празници. Сите други се или макети или параклиси“, дополнува Коневски кој истовремено нагласува дека во случајов ќе се задоволи потребата од верски објекти во општината која е населена со најголем процент христијански верници. |
|
Статијата е прочитана 1608 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 19.07.2012 00:26:39 | Ubavo e da se gradat crkvi i djamii. Ubavo e da ima nadprevar koj povece ce izgradi. Na narodot mu e neophoden opium za da go zaboravi sekojdnevieto. Drugite drogi, pa i sedativite, se skapi za makdonskiot standard. |
| kole, 19.07.2012 01:38:49 | џамии се градат на секој чекор па никој не кажа збор за тоа ниту пак напиша некоја статија,,,,почнаа да градат џамии и во битолско и на места каде никогаш немало муслимани,,,,тоа е во ред нели? треба да се градат верски објекти,а што да градат? |
| lidija, 19.07.2012 08:29:49 | Vo Aerodrom ziveat i katolici, i muslimani, i pripadnici na drugi veri, a ima i ateisti. Zosto togas samo pravoslavni crkvi? |
| vernik, 19.07.2012 09:43:50 | Za glup narod povazni se verskite objekti od fabriki. Se vide kolku e nepismen ovoj narod so slucajot so freskite od Sv. Dimitrija. Cel svet ni se smeese. Samo nasata politicka VMRO-ska elita se gordese. Narode, verskite objekti ne dava leb, ne dava vrabotuvanja. Nema da ne izvadi ni od ambisot na siromastijata. |
| Gorcho, 19.07.2012 10:09:43 | ova ne se crkvi, ova se crkvicki, crkvi se kako Pantelejmon Plaosnik, manastirot vo Nerezi, crkvata soborna Sv. Dimitrija Solunski vo Bitola, Crkvata Sv. Kiril i Metodij vo Delchevo, Soborniot Hram vo Skopje e toa se crkvi. Ova se crkvicki. da ne se lazheme... za sramota sme |
| Индоктринација, 19.07.2012 11:13:03 | Во Ново Лисиче има само една градинка и само едно училиште. Значи, немало донатори или немало локација? |
| jordan, 19.07.2012 12:09:46 | pa najiskreno mene ne mi smetaat nikakvi verski objekti.dali se rabotelo za crkva,dzamija,sinagoga i sto uste ne.no sepak mi smeta momentot deka so tie smeshni maketi i takanareceni paraklisi se omalovazuva verata.site tie mali crkvicinja pogotovo tie na vlezot vo Aerodrom kaj fontanite nerazbiram za sto im trebaat na lugeto.tolku prekrasno izgleda raskrsnicata ama sepak crkvite se eden tezok kicest moment.crkviceto vo nono lisice na se lici samo na crkva ne.eve na primer da ne iskoci deka sum samo protiv mene licno mi se dopaga sega vo momentov sto se gradi soborniot hram do samata golema posta vo novo lisice isto taka.se nekako ko pretenciozno.toa iskaca deka ako jas si iam pari mozam da odam do opshtina i da si pobaram da si izgradam sto jaas sakam i kade jas sakam.... |
| georgi.pesterliev, 19.07.2012 14:34:24 | Браво! |
| svetlana, 19.07.2012 19:40:02 | pa cel grad samo crkvi kako toa ne stane ednas zasekogas jasno deka nema potreba ot tolku verski objekti na sekoj cekor
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 16°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 21°C
|
|
|
|
|
|