20.07.2012, 16:43 Хамилтон останува верен на Мекларен
Британскиот тим соопшти дека Луис Хамилтон ќе потпише нов договор во наредните неколку дена
Британски Мекларен соопшти дека Луис Хамилтон ќе потпише нов договор со тимот во наредните неколку дена. Мекларен во моментот е во Хокенхајм каде што се подготвува за неделната трка за Големата награда на Германија во Формула 1 шампионат.
„Луис и јас се разбираме и имаме исти амбиции. Ќе нема никакви проблеми за продолжување на соработката“, изјави шефот на британскиот Ф1-тим, Мартин Витмарш, за германските медиуми.
Хамилтон се наоѓа на четврт��то место во генералниот пласман во моментот со 92 бода, 37 помалку од Фернандо Алонсо на лидерската позиција. Оваа сезона има една победа што ја прослави во трката за ГН на Канада. Неодамна тој јавно изрази незадоволство од болидот што го управува, но од екипата му беше порачано дека се' ќе биде во најдобар ред во продолжението на првенството.
|