20.07.2012, 17:24 Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори
Леброн Џејмс ќе биде најплатениот спортист на олимписките игри во Лондон со годишна заработувачка од 53 милиони долари. Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори. Втор на листата е швајцарскиот тенисер Роже Федерер со 45 милиони долари по сезона, а по нив следуваат Коби Брајант, Рафаел Надал, Марија Шарапова, Кевин Дурант и Кармело Ентони.
|