17.07.2012, 15:59 Венлок маскота на Игрите во Лондон
Негова улога е приближување на Олимпијадата до најмладите и поттикнување на нивниот интерес за занимавање со спорт
Официјална маскота на Олимписките игри во Лондон ќе биде Венлок, кој ја имаше и официјалната промоција во британската престолнина. Негова улога е приближување на Олимпијадата до најмладите и поттикнување на нивниот интерес за занимавање со спорт. Венлок е производ на студио „Ајрис“ од Лондон, откако нивната креација победи во конкуренција на повеќе од 100 предложени дизајни. Венлок е еднооко суштество од аморфен облик, кој најмногу наликува на симпатичното чудовиште од истоимениот филм на „Дизни“ од 2001 година. Името го доби по селцето Меч Велнок во близина на Шропшајр во Велика Британија. Во него кон крајот на 19 век се одржувале „Мач Венлок игри“ во кои локалното население се натпреварувало во традиционални селски дисциплини.
|