| 20.07.2012, 15:38Вардар преку Бате до Скендербег или Дебрецин 
 
  
 Македонскиот шампион доколку успее да се пласира во третото квалификациско коло на ЛШ ќе се сретне со победникот од дуелот Скендербег-Дебрецин
 
 Денеска точно напладне во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени двојките за третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот претставник Вардар доколку успее да го елиминира Бате Борисов, тогаш во следната фаза за противник ќе го има подобриот од мечот помеѓу албанскиот тим Скендербег или унгарскиот Дебрецин.
 
 За потсетување, првиот меч одигран во Минск заврши со победа на Белорусите од 3:2, а реваншот се игра на 25-ти јули на арената „Филип Втори со почеток во 20 часот.
 
 
 
 
 
 |