20.07.2012, 16:31 СЕПО: Атентаторот од Бургас не е Швеѓанец
Шведската тајна полиција соопшти дека атентатор од Бургас не е Швеѓанец
Шведската тајна полиција-СЕПО соопшти дека мажот атентатор, кого бугарските медиуми го посочија дека е вмешан во терористичкиот акт во Бургас, не е Швеѓанец.
-Знаеме дека тоа не е тој, изјави Марк Вадас, шеф за комуникации во СЕПО, додавајќи дека не може да зборува за поконкретни детали, пренесе Шведската телевизија СВТ.
Ниту шведското Министерство за надворешни работи нема податоци во врска со Швеѓанецот кој е осомничен како кожен извршител на атентатот.
-Не располагаме со никакви информации околу лицето кое го изврши терористичкиот атентат во Бугарија, вели Ана Баклунд, шеф за информации во Министерството за надворешни работи на Шведска. |