18.07.2012, 12:57 Заталкан куршум завршил на тераса во гостиварски ресторан
Заталкан куршум, испукан најверојатно до автоматско оружје непријатно го изненадил 46-годишниот гостиварец додека седел на терасата во гостилницата „Парк“ во Гостивар.
Според СВР Тетово, С.А. вчеравечер околу 22 часот додека седел на една од масите слушнал силен звук и потоа забележал дека на подот паднал заталкан куршум. Куршумот со калибар 7,62 мм кој ја пробил настрешницата, за среќа никого не повредил.
Полициска екипа извршила увид и се превземаат активности за откривање кој, каде и зошто пукал.
Деновиве во гостиварско регистрирани се десетина инциденти од неконтролирано пукање со огнено оружје на семејни веселби. Освен оштетувања на возила и покриви на куќи, имаше повредени лица.
|