18.07.2012, 11:39 Пожар во Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид
ФОТО: ИнПрес
Пожар утрово околу 9 часот избувна во пералната на Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, во кој освен предизвиканата материјална штета нема повредени лица.
Пожарот избувнал во пералната на објектот, при што целосно се уништени две индустриски перални и две пегларки, како и голема количина постелнина. На лице место интервенираа три екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид, при што пожарот е целосно локализиран, а лицата сместени во објектот безбедно евакуирани поради густиот чад во објектот.
Иако причината за пожарот дополнително ќе се утврдува, најверојатно се работи за човечки фактор, односно заборавен вклучен електричен апарат.
Објектот порано беше депанданс на хотелот „Палас“, а откако беше пренаменет во студентски дом, во летните месеци служи како објект за сместување туристи. |