Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.07.2012, 13:48

(ФОТО) Македонија посветена на заложбите за членство во НАТО



Министерот за одбрана на РМ, Фатмир Бесими се сретна со заменик-генерален секретар на НАТО, Александер Вершбоу, кој е во еднодневна посета на Македонија

Република Македонија останува цврсто посветена на своите заложби за членство во евроатлантските структури и за непрекинат придонес кон меѓународните мировни мисии како начин за етаблирање на современите вредности, мирот, слободата и правата на човекот во глобални рамки.

Тоа, како што соопшти Министерството за одбрана, било констатирано на денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими и заменик-генералниот секретар на НАТО Александер Вершбоу, кој е во еднодневна посета на Македонија.

- Ние работиме напорно кон достигнување на нашата цел – членство во НАТО-Aлијансата, а тоа може да се забележи преку континуираниот реформски процес во Армијата на Република Македонија и во Министерството за одбрана. Особено внимание посветуваме на концептот „паметна одбрана“ кој се огледува и во напорите за зголемена ефикасност во областа на одбраната преку уште поинтензивна регионална соработка, истакнал на средбата министерот Бесими, додавајќи притоа дека забрзувањето на процесот на интеграција на регионот во евроатлантските организации ќе биде начин за затворање на постојните предизвици и гарант за мирот и стабилноста во овој дел од Европа.



Во текот на презентацијата на капацитетите и идните планови на Министерството, министерот Бесими се осврнал и на прашањата поврзани со буџетот на одбраната и неговата тенденција во иднина, како и на долгорочните планови за 50-процентна распоредливост на силите согласно Долгорочниот план за развој. Во контекст на интеграцијата на Република Македонија во северноатлантската алијанса, акцент бил ставен и на консензусот помеѓу политичките партии во државата, како и на високата јавна поддршка за пристапување кон полноправно членство.

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Вершбоу, како позитивен елемент го посочил фактот дека нема промена во дефинираната стратегиска агенда на државата, укажувајќи на тоа дека интеграцијата на регионот во евроатлантските структури е најадекватен начин за гарантирање на просперитетот во пошироки рамки.



- Планот за 50-процентна распоредливост на силите е воодушевувачки. Дополнително ние во целост го цениме регионалниот пристап, особено во контекст на иницијативата БРААД – балкански регионален пристап кон воздушна одбрана, истакнал заменик генералниот секретар Вершбоу кој очекува дека буџетските средства наменети за одбраната во иднина ќе бидат зголемени.

Покрај средбата со министерот за одбрана, заменикот на генералниот секретар на НАТО во рамките на својата посета ќе има средби и со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.





Статијата е прочитана 232 пати.

Испрати коментар



Интернет порталот привремено нема да се ажурира
Возач на камион загина при судар со воз
Богов - Банките стабилни дури и ако некој излезе од еврозоната
Обединети за Македонија „се прелеа“ во ВМРО-ДПМНЕ
Пожарот во Мариово трет ден активен
Ставрески - Голем интерес за средствата од ЕИБ
Масовни протести и судири во Шпанија
СДСМ - „Скопје 2014“ досега чини 360 милиони евра
СЕПО - Атентаторот од Бургас не е Швеѓанец
„Мајкрософт“ прв пат покажа загуби
Бан Ки-мун ја започнува балканската турнеја
Педофил силувал 13-годишно момче
Интерпол ќе го истражува нападот во Бургас
(ФОТО) Почна изградбата на фабриката на белгиски „Ван Хол“
Филе - Скопје се менува, нека гледа Атина
Земјоделците ќе ги легализираат своите трактори и механизација
Сириските бунтовници го победија Асад
Ставрески - Пругата кон Бугарија станува реалност
Хорор во Колорадо - премиера на „Бетмен“ заврши со 12 убиени
Бомбашот од Бургас е поранешен притвореник од Гвантанамо?
Георгиевски ја обвини МПЦ за паганство
Ромпуј на Јахјага
Исплатени субвенциите за 2011 година
Потона ферибот - стотина исчезнати
Пироман од инает го запалил Патенино
Црна Гора очекува покана за членство во НАТО
„Монстр��м“ укажа на празнини во Законот за заштита на сведоци
(ФОТО) Туристички автобус за панорамско разгледување на Скопје
Граѓаните охрабрени да пријавуваат семејно насилство
Рамазанска порака од поглаварот на ИВЗ
Критики за бугарските служби по атентатот во Бургас
Сочувство од Попоски до шефот на израелската дипломатија
НАТО и ЕУ го осудија терористичкиот напад во Бугарија
Битолчанец ја прегазил сосетката
Двајца војници на НАТО убиени во Авганистан
Бугарското МВР објави фотографија од потенцијалниот самоубиец
Огнен пекол во Грција
Иранската телевизија ги отфрли како смешни тврдењата за вмешаност во нападот
(Обновено) Се уште активни пожарите во Мариово и на Кожув
Ципрас - Владата лаже дека нема нови мерки за штедење
Руски милијардери го откупуваат уделот на БП во ТНК-БП
Израел е соочува со бран терористички напади
Cончево и ветровито
Нетанјаху го обвини Иран за експлозијата во Бугарија
(ФОТО) Промовирани новата химна на АРМ и униформа на баталјонот за Почести
Убиен сирискиот министер за одбрана
Пропадна изборот на претседател на Врховниот суд
(ФОТО) Седуммина Израелци загинаа во терористички напад во Бургас
(ФОТО) Црвенковски и Тачи договорија техничка соработка
Промоција на нова химна на АРМ и униформа на баталјонот за Почести
Иванов очекува пораки од Бан Ки Мун
Убиецот од Неготино во притвор
Пет фирми во трка за тендерот за полициски возила
Германскиот ВАЦ тајно ја продаде „Политика“
(ФОТО) Вершбоу - Македонија сакаме што поскоро да ја видиме во НАТО
За Сребреница виновен Советот за безбедност на ОН
Најбараниот нацистички злосторник уапсен во Будимпешта
Груевски бара од иселениците да инвестираат во Македонија
Груевски бара од иселениците да инвестираат во Македонија
Радовишанец силувал 19-годишна девојка
Заталкан куршум завршил на тераса во гостиварски ресторан
Промената на косовските граници ќе предизвика тензии
Црногорскиот наркобос Шариќ избегал во Јужна Америка
Влада - Работното време од 8
Писмо од Вељаноски до претседателот на грчкиот Парламент
Пожар во Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид
Николиќ ја гарантира безбедноста на Тадиќ
Заменик-генералниот секретар на НАТО во посета на Макед��нија
Cончево со мала до умерена oблачност
(ФОТО) „Среќни вести“ му донесе нов дом на Јовица Митиќ
(ФОТО) Се уште активни пожарите во селата Патетино и Разловце
Атина молчи за агендата на Нимиц
Телата на загинатите стружани ќе бидат пренесени дома
„Бунарџик“ меѓу 50-те најдобри слободни зони во светот
Три девојки повредени на свадба во Тетово
Кривопаланчанец ја силувал малолетната внука
ЕУ ја поздравува идејата за формирање на балкански Бенелукс
Мешалка за тесто му откина рака на пекар во Скопје
Груевски - Има прогрес во Претпристапниот дијалог
Анкета за оценување на услугите на Градот Скопје
Ѓорѓиев - Почнува концесионирањето во здравството
Нацртот на ГУП-от на интернет
Почнува примената на новиот Закон за лустрација
(ФОТО) Неготинец ја убил мајка си и ја фрлил во контејнер
Млада Србинка се удави во Охридското Eзеро



Da im reche na stranite faktori!, 18.07.2012 18:33:33
Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pobarame Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku pregovori za imeto!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 18°C

Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |