20.07.2012, 16:15 Бан Ки-мун ја започнува балканската турнеја
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска ја започнува шестневната посета на земјите од Западен Балкан, за време на која ќе престојува во сите држави формирани на територијата на поранешна Југославија.
Првиот човек на светската организација прво ќе патува во Словенија, од каде ќе продолжи со посета на Загреб и Подгорица.
На 23 јули Бан Ки-мун ќе престојува во Србија, а следниот ден ќе замине за Приштина, каде се предвидени средби со претставници на УНМИК, на меѓународни и регионални организации, како и со претставници на косовските власти.
Генералниот секретар на ОН во Скопје ќе допатува на 25 јули заедно со специјалниот пратеник на ОН и медијатор во спорот околу името Метју Нимиц.
Тој, исто така, ќе замине и Сараево, а ќе го посети и меморијалниот центар Поточари во Сребреница. |