18.07.2012, 12:06 Црногорскиот наркобос Шариќ избегал во Јужна Америка
Нарко босот Дарко Шариќ, по кого Интерпол распиша потерница, од Јужна Африка пребегал во Латинска Америка.
„Шариќ го штитат најголемите кокаински нарко-босови и се потешко е да му се влезе во трага“, наведено е во тајниот документ испратен до Безбедносно- информативната агенција.
На Шариќ, му се суди во отсуство по обвинението дека организирал шверц на кокаин од Јужна Америка за Европа. Mу се суди во отсуство под сомнение дека е организатор на шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа.
Дарко Шариќ против државните раководители кои ги смета за виновни за крајот на неговата нарко-империја распишал награда за убиство во износ од 10 милиони долари.
Уценети се главите на Борис Тадиќ, на министерката за правда Снежана Маловиќ, на Саша Вукадиновиќ, директорот на БИА, на Миљко Радисављевиќ, обвинител за организиран криминал, како и главата на Миодраг Ракиќ, претседател на Бирото за координација на Советот за национална безбедност и шеф на кабинетот на поранешниот претседател Тадиќ.
|