20.07.2012, 17:18 Омерагиќ и Ѓорѓиоски во претседателска трка
Ова е заклучок по работата на ад-хок комисијата во изминатиот период. Притоа е одбиена кандидатурата на Илија Јовков, претседателски кандидат од ОФС Гази Баба
Бизнисменот Масар Омерагиќ, кандидат од ОФС Струмица и тренерот на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски, кандидат од ОФС Скопје, ќе влезат во трката за наследник на Харалампие Хаџи-Ристески на претседателската функција во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на Вонредното изборно Собрание закажано на 29 јули во Охрид. Ова е заклучок по работата на ад-хок комисијата во изминатиот период. Притоа е одбиена кандидатурата на Илија Јовков, претседателски кандидат од ОФС Гази Баба.
Со ова стана јасно дека Харалампие Хаџи-Ристески заминува од македонската куќа на фудбалот по деветте години минати како прв „станар“ во неа. (С.Д.)
|