18.07.2012, 12:09 Франк Шлек допингуван и исфрлен од Тур де Франс
Членот на Радио-Шек Нисан беше позитивен на диуретик Ксипамид по што веднаш му беше изречена суспензија
По откажувањето на повредениот Енди Шлек, ниту името на неговиот повозрасен брат Франк ќе го нема на листата на натпреварувачи кои го завршија 99 издание на Тур де Франс. Членот на Радио-Шек Нисан беше позитивен на диуретик Ксипамид по што веднаш му беше изречена суспензија. Станува збор за специфична супстанца што во организмот може да се внесе без знаење на спортистот, па затоа тој би можел да мине со поблага казна од вообичаената двегодишна суспензија.
Франк Шлек, кој лани беше трет во најпрестижната велосипедска трка во светот, има право на жалба на одлуката и реално има мали шанси да се врати во годинашниот Тур. По 15 минути Луксембуржанецот беше на 12 позиција во генералниот пласман.
|