19.07.2012, 13:08 Сочувство од Попоски до шефот на израелската дипломатија
Министерот за надворешни работи Никола Попоски испрати писмо со сочувство до шефот на дипломатијата на Израел Авигдор Либерман за терористичкиот напад врз израелски туристи што вчера се случи во бугарското летувалиште Бургас.
- Израз��вајќи сочувство и жалење за жртвите во нападот – израелски државјани, министерот Попоски во писмото нагласува дека овој терористички акт ја потврдува потребата од поблиска соработка и преземање заеднички активности, на регионално и на глобално ниво, против тероризмот – како заедничко зло со кое се соочува��е, информира Министерството за надворешни работи. |