18.07.2012, 17:04 Фудбал на песок на плажата кај Парк
Со натпреварите од меѓународниот турнир во одбојка на песок „Скопје 2012“ што ќе се одржува во наредниве три дена и официјално ќе биде пуштено во употреба новото мултифункционално игралиште на песок, лоцирано на Градската плажа „Парк“. Игралиштето е со димензии 34 метри на 16,5 метри, со песочна подлога и може да се приспособи за играње одбојка, ракомет и фудбал на песок. Осветлено е со петнаесетина рефлектори, а пристап до него има од двете страни на плажата. Градските власти најавуваат дека меѓу двете патеки на кејот наскоро ќе бидат поставени и монтажни трибини.
Игралиштето го изградија екипи од „Улици и патишта“, а финансиер е Град Скопје, кој за оваа намена издвои околу 32.000 евра. (С.Р.) |