23.07.2012, 14:14 Се подготвува спектакл за концертот на Чолиќ во Охрид
„Интересот на публиката за концертот на Чола е огромен, па токму затоа подготвуваме многу изненадувања за неговите фанови“, изјавуваат организаторите ТА Орфеј
Подготовките за најголемиот спектакл во Македонија за оваа година - концертот на мега-ѕвездата Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини Извори“, во Охрид, се во завршна фаза. Техничката екипа на Чола, викендов, престојуваше во градот под Самуиловата тврдина и започна со првичните подготовки за поставување на големата сцена на која ќе бидат изведени неговите најголеми хитови. Големи странични лед-екрани, светлосни ефекти и најквалитетно професионално озвучување ќе бидат само дел од техничките елементи на овој музички хепенинг.
- Интересот на публиката за концертот на Чола е огромен, па токму затоа подготвуваме многу изненадувања за неговите фанови – изјавуваат организаторите ТА Орфеј.
Концертот ќе биде најголема летна атракција за домашната публика, но и за туристите кои од сите страни на светот на 1 август ќе се најдат во Охрид. И овој пат Чола ќе ја восхити публиката затоа што „Пусти моду“ „Продужи даље“, „Ти си ми у крви“, „Загрли ме“ .., станаа евергрини. Извонредната поддршка од бендот составен од професионални музичари, одлични придружни вокали и разиграни танчари, ќе ја направат вечерта на 1 август - ноќ за паметење.
Уште едно потсетување, влезниците се пуштени во продажба во ТА „Орфеј“, „Тобако Тугедер“ салоните низ Македонија: „Југотон“, „Зизи“ „Топ Охрид“, „Куба либре“ - Охрид, сите туристички агенции во земјава и преку www.kupikartizace.com, по цена од 600 ден. за терен, 1.200 фан пит, 1500 силвер вип и 3.000 ден.
|