23.07.2012, 12:42 Џони Деп жали поради прекинот со Ванеса Паради
Деп наводно очајнички се труди да ја врати својата долгогодишна љубов Паради
Актерот Џони Деп наводно очајнички се труди да ја врати својата долгогодишна љубов - Ванеса Паради. Тој заминал во јужниот дел на Франција за да ги реши несогласувањата со неа, а како подарок и донел и златен приврзок на кој пишувало „Моето срце засекогаш е со тебе“.
- Моментално сите се заедно на празниците, исто како некогаш. Сакаат да им покажат на децата дека секогаш ќе бидат силно семејство, без разлика на тоа дали се раздвоени или не. Џони сака да биде со своето семејство, неговите деца му значат многу. Она што тие двајца треба да го направат е да се одалечат од Холивуд, а тоа токму сега и го прават, изјави близок извор на двојката.
Иако никогаш не биле официјално во брак, потврдено е дека Ванеса ќе добие 150 милиони долари од Џони, а исто така ќе и припадне и луксузен имот во Франција. Но како што стојат работите, најверојатно постои голема шанса Ванеса да му ја прости на Џони романсата со Амбер Хард, која многу ја разочарала и поради која ја прекина врската. |