25.07.2012, 09:28 Променливо облачно со локален дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 32 степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално, по суви и чисти коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините. |