23.07.2012, 22:02 Осомничениот за масовното убиство во Колорадо се појави пред суд
Дваесет и четири годишниот Американец Џејмс Холмс, кој е обвинет за убиство на 12 лица во киносала во Колорадо минатиот петок, се појави денеска пред суд во црвена затворска униформа и со црвено бојадисана коса.
Додека судијата ги читаше судските документи тој гледаше надолу и нишаше со главата. Обвиненијата против него официјално ќе бидат поднесени на 30 јули.
Холмс е обвинет дека убил 12 лица и ранил 58 во преполната кино сала во предградието на Денвер, Аурора, на премиерата на најновиот филм за Бетмен „Подем на мрачниот витез“.
Повеќето жртви се на возраст меѓу 20 и 30 години, а највозрасниот имал 51 години. Убиено е и едно шест годишно девојче.
|