25.07.2012, 16:07 Се ожени лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун
Сопругата на младиот водач се вика „другарка Ри Сол Џу“, а се претпоставува дека таа е поранешна пејачка
Мистериозната жена, која неодамна беше видена во јавноста во друштво на Ким Јонг Ун, лидерот на Северна Кореја, е неговата сопруга. Така изјавил висок јужнокорејски функционер. Како што наведува Би -Би-Си, сопругата на младиот водач се вика „другарка Ри Сол Џу“.
- Според моето мислење, таа по се' изгледа е негова соруга - изјавил Ју Ву Ил, министер за обединување на двете Кореи.
Меѓутоа, тој не го образложил својот заклучок. Елегантно облечената жена, стара триесетина години, видена е со младиот лидер Ким, на 5. јули, на концерт во Пјонгјанг, а потоа на 8. јуло, при неговата посета на мавзолејот посветен на дедо ми Кил Ил Сунг.
Медиумите спекулираат дека придружничката на корејскиот водач е поранешна пејачка.
Потоа, на 24. јули, државната телевизија прикажала фотографии на кои истата жена се гледа покрај Ким, при посетата на една градинка во Пјонгјанг. Тоа ги поттикнало претпоставките за нејзиниот идентитет. Некои тврделе дека тоа е сестрата на Ким, иако официјалните севернокорејски медиуми, се' уште не кажале официјално која е младата дама. |