23.07.2012, 13:35 „Електра“ од Данска на Фестивалот „Стоби“
Модерна верзија со брзо темпо на старата класика во режија на Никлас Бендиксен
Денеска, со почеток во 21 часот, на програмата на 11. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, ќе биде изведена претставата „Електра“ од Софокле, во режија на Никлас Бендиксен, а во продукција на Театарот на Бети Ненсен од Данска.
„Електра“ е краен пубертетски бунтовник. Таа е заглавена во дрогите, бунтовништвото, предавството и сексуалните напади. Нејзината единствена надеж е дека брат и Орест ќе се врати дома за да можат двајцата заедно да го одмаздат нивното крваво минато.
Модерна верзија со брзо темпо на старата класика, која талентираната српско-данска актерка Маријана Јанковиќ, ја игра со огромен интензитет и прецизност. Покрај неа, во претставата играат и Трине Дирхолм, Кенет М. Кристенсен, Мари Далсгард, Никлас Бендиксен и Трине Туксен. (К.Р.) |