25.07.2012, 16:09 И официјално - Бекам на отворањето на Игрите
Откако одби да го носи олимпискиот факел, некогашниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Дејвид Бекам, и официјално потврди дека ќе има улога во церемонијата на отварањето на Олимписките игри.
Иако фудбалерот на Лос Анџелес Галакси имаше желба да настапи во националниот дрес, сепак не се најде на списокот за Игрите.
„Ќе имам некоја улога при отворањето. Горд сум што ќе бидам вклучен во церемонијата бидејќи јас бев инволвиран уште од самиот почеток на кандидатурата за Олимписките игри пред седум години“, изјави Дејдвид Бекам.
|