Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.07.2012, 19:19

Бан Ки-мун на жешка линија со Скопје и со Атина

Генералниот секретар ги повика македонските и грчките функционери со изјавите да создаваат позитивна атмосфера

Слободанка Јовановска

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го нарече императив решавањето на спорот околу името, а за да се постигне тоа тој понуди и личен ангажман - праќајќи пораки по медијаторот Метју Нимиц и разговарајќи директно со грчкиот премиер Андонис Самарас.

„Вие имате цел да се приклучите во ЕУ и НАТО. Знам дека имате и пречка во оваа ваша цел. Императив е да се разреши прашањето на името. Јас сум посветен да помогнам, да олеснам во решавањето на ова прашање. Може да сметате на ОН и во исто време ќе ги охрабрам премиерот, претседателот на државата, претседателот на Собранието да бидат обединети и посветени на негово решавање“, порача во своето инспиративно обраќање од македонскиот парламент Бан Ки-мун. Благо тој ги искара и двете страни, повикувајќи ги да промовираат позитивна атмосфера преку нивните изјави, нагласувајќи дека тој е генерален секретар на 193 земји и дека секој ден се потсетува на Македонија, гледајќи ја сликата подарок од македонски автор во Обединетите нации. Користејќи ја симболиката на сликата, тој ги повика Македонија и Грција да практикуваат толеранција и да живеат во мир со соседите, притоа не употребувајќи го ниту еднаш уставното име на нашата држава.

Како што се очекуваше, генералниот секретар не заборави да каже благодарам на Македонија за згрижувањето на бегалците од Косово, велејќи дека сме ги отвориле нашите врати и срца за многу илјади од нив. Генерално тој упати многу пофалби за државата:

„Гледам навистина голем напредок, динамика и посветеност да се надминат сите прашања и да се оди напред“, рече тој, потсетувајќи дека во 1991 година, кога Југославија беше на границата на конфликт, Македонија избра и воспост��ви пример за мирно утврдување на границите. Немаше ни дилеми дека Македонија е посветена на мирно мултиетничко општество и дека нашите достигнувања се веќе препознени, посочувајќи го како пример претседавањето со Генералното собрание на ОН од страна на Срѓан Керим. На посетата тој и' даде и глобален тон, барајќи практично поддршка за актуелната агенда на ОН.

„Во 2015 година многу луѓе ќе живеат во сиромаштија, ќе бидат гладни и ќе немаат здравствени услуги... Постигнувањето на Милениумските цели ќе биде невозможно без учество на жените во парламентот. Мора да дадеме учество и на младите луѓе. Овде во земјата се постигнати голем дел од Милениумските цели“, рече Ки-мун.

На влегување и излегување од парламентот генералниот секретар беше дочекан од дваесетина граѓани организирани од Тодор Петров, кои го извикуваа името на државата „Македонија“, а за да чуе добро, тргнувањето на колоната автомобили намерно беше забавено. Клучната средба на Бан ки-мун во Скопје беше со премиерот Никола Груевски, но не пред спомениците од „Скопје 2014“, туку во Владата, каде што премиерот му порачал дека или Ат��на ќе се врати на преговарачка маса, т.е. ќе ги најде време и простор за разговори, или да се најде начин да се деблокираат процесите околу Македонија со почитување на одлуката на Хашкиот суд. Ова деблокирање на преговорите беше клучното барање од македонска страна до генералниот секретар, зашто како што беше оценето неофицијално, нема простор да се нудат иницијативи, предлози или слично во ситуација кога не ни разговараш. Притоа премиерот инсистирал да се почитува Хашката одлука од сите и без ексклузивитет, и доследно да се вреднува од страна на земјите членки на ОН. Иако од одлуката помина речиси една година и секаде формално е игнорирана, таа очигледно беше аргумент и на средбата со Бан ки -мун кој пак само еднаш во Охрид ја прокоментира со зборовите дека во ОН се свесни за неа и ќе ги земат предвид сите аспекти. Груевски му нафрлил на генералниот секретар дека има и други идеи околу спорот, како барање нов прием во ОН под уставното име, отворање нова постапка пред Хаг или пак користење на други механизми во ОН, но дека тој се' уште е фокусиран на изнаоѓање брзо решение за спорот, за што треба и волја од Грција. На крајот тој го отворил и прашањето со правата на македонското малцинство во Грција, од враќање на имотите, давање на двојно државјанство и слободно движење.

По средбите генералниот секретар на ОН имаше ручек со шефот на дипломатијата Никола Попоски и експретседавачот со Генералното собрание Керим во ресторанот „Воденица“ од каде што замина за аеродром и ја продолжи турнејата за БиХ. Генерално, неофицијалните реакции на посетата од некои од учесниците беа дека била охрабрувачка, особено поради најавата од генералниот секретар дека лично ќе вложи напори преговорите да се поттурнат. Целиот процес формално е под негово покровителство и тој има обврска да се грижи да се интензивираат преговорите. Фактот дека го најави тоа е добар чекор“, оцени еден од учесниците. На средбите во Скопје Бан Ки-мун не фаќаше страна и не изнесуваше категорични ставови околу преговорите, па останаа да лебдат неговите пораки од Охрид околу правењето компромис за универзални права и принципи. Дали таа порака ги вклучи и идентитетските прашања, како што коментираа некои медиуми во Македонија, остана нејасно бидејќи беше кажана премногу генерално, а не на тема спорот на Македонија. „ОН не прават компромис кога се во прашање универзалните права и принципи. Кога се работи за други прашања и политички теми, ако процентот на компромисот е прифатлив, тој може да се прифати“, изјавил тој пред школата на млади политички лидери, каде што поради неформалниот формат си дозволи и неформално име - Република Македонија.

Бан Ки-мун: Сега е момент за решение

Иако јавно не изнесоа никаква оценка околу разговорите, неформално Бан Ки-мун и Метју Нимиц оцениле дека сега е момент да се решава спорот за името бидејќи грчкиот премиер Андонис Самарас води коалициона влада, а за исходот од преговорите неговата улога е клучна. За да го поттурнат процесот тие најавиле дека ќе ги анимираат САД, додавајќи дека во оваа констелација Самарас има шанса да стане херој место кочничар, како што и во Грција и надвор го гледаа досега.

Нимиц: Разговорите беа конструктивни

Посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц, кој го придружува генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун за време на посетата на Македонија, ги оцени како конструктивни разговорите водени со македонскиот државен врв.

„Нема да дадам изјава бидејќи ова е посета на генералниот секретар на ОН, а не моја посета. Но, она што можам да кажам е дека имавме конструктивни дискусии и како што кажа и генералниот секретар, имавме многу добри средби. Тој научи многу, а и јас исто така“, изјави Нимиц по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, прашан дали дошол во Македонија со нови иницијативи за решавање на прашањето за името.

Тој посочи дека од Скопје заминува за Солун каде што ќе ја брифира грчката Влада за разговорите со македонските претставници. Подвлече и дека останува во комуникација со двете страни.


Статијата е прочитана 1607 пати.

Испрати коментар



Правила, што беше тоа?
На прошетка низ Охрид
За исклучено парно ќе се плаќа 10 отсто од сметката
Струјата и парното поскапеа среде лето
СДСМ го одложува митингот во Скопје поради слаба посетеност
Граѓаните масовно се приклучуваат на „Работното лето“
Црвенковски дискриминирал по род и пол
Струмица жали за храбрите браќа



Itar Pejo, 26.07.2012 00:13:34
Nevoobicaeno ostar govor na Sekretarot, za podrska na Makedonija i osuda na Grcija. A i Nikola mu odrzal dobra lekcija: vednas da se sprovede odlukata od Hag. Definitivno Grcija e stavena na stolbot na sralot, zaedno so Iran i Severna Koreja.
ez-mani, 26.07.2012 02:04:14
nema zashto da bide ban kimun vo zheshka linija pravdata e bozhja a nepravdata e od gjavolot ,makedonskiot narod postoji i zhivee vo zaednichka drzhava so albanci turci romi idrugi narodi vrz baza na ravnopravni odnosi vo drzhava koja se vika makedonija,neka se rasprasha ban kimun i neka ne se pravi tosho koj gi negira albancite makedoncite i turcite vo grcija i koj im gi konfiskira imotite na makedoncite i allbancite vo grcija,ovije se zhivi vistini,a koga se odi so vistinata togash sve se zavrshuva uspeshno.za sve drugo shto qe se kazhe e kolema laga koja qe proiznese golemi posledici,a najpoveqe nevini lugje no gospod e so pravednite i vistinata sekogash qe pobedi.
MNR, 26.07.2012 11:15:58
Profesorot Igor Janev vo nekolku navrati ,vo pishana forma objasni kako treba da se postapi vo Obedinetite Nacii za da se prekine so majtapenjeto so referencata FYROM i novosklepanoto zname na tatkovinata. Ako majtapot trae edna i pol decenija togash zagrizhuva nedovolnata pismenost na najvisokite makedonski politichari. Doopismenuvanjeto e nepoznat proces za makedonskite politichari. A zoshto da bide koga ne sakaat da se doopismenuvaat chitajki trudovi na nekoj si tamu istrazhuvach za materija sto ja opleskale
Коста Стоименовски, 26.07.2012 11:29:14
Свој коментар околу улогата и важноста на ген. секретар на ООН дадов во контекст на написот „Бан Ки Мун лично ќе се заложи за решавање на прашањето за името“. Сега би дал само неколку напомени. Грција пораките на Бан ки Мун ги прима на ниво на амбасадорот Василакис, што најдобро говори за нејзиниот однос спрема Ген. секретар на ООН. Мошне лошо е тоа што кај нас силно се поентираат само позитивните аспекти за Македонија во изјавите на Бан ки Мун, што не е случај и со азијатските мудри пораки упатени до македонскиот претседател, до премиерот и „спикерот“ да бидат обединети и посветени на решавањето на проблемот со Грција околу името, како и повикот до двете страни во спорот да промовираат позитивна атмосфера. Самозалажувањето најчесто се враќа како бумеранг!
pile, 26.07.2012 11:34:26
Tocno e deka Premierot na R.Grcija G-din Andonis Samaras vodi koaliciona Vlada, i mozje da izleze kako heroj a ne kako kocnicar, no dali e toa slucaj so aktuelniot Premier na R.Makedonija. Negovoto herojstvo za vnatresna upotreba, vo izminatiot 6 godisen period na vladeenje (prethodnite 5 se vo senka i na finansisko stabiliziranje na zemjata so prodazjba na Okta i Telekom),bese poveke od zabelezjitelno, zapocnuvajki so kreiranje na alibi politiki na togasnoto rakovodstvo na sosedna Grcija, a defakto stetni po interesite na R.Makedonija,so zavzemanje na ekskluzivni mesta vo naslovite na biltenot na NATO za mesec april 2008 godina, pa se do prifakanje na ime Republika Makedonija (Skopje).Za da prodolzji so iskoristuvanje na sekoj povolen politicki moment, ne da go nadmine sporot tuku da raspisuva predvremeni izbori, kako sto bese posle Samitot na NATO vo Bukurest 2008 godina.Herojstvoto na Gruevski i familijata e veke videno,Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost ima samo kredibi
do pile, 26.07.2012 18:38:13
Se prifati Republika Makedonija (Skopje) da odi na referendum za da bide odbien na referendum toj predlog.Sekakov predlog za menuvanje na imeto ke bide odbien.Morase da ima predvremeni izbori vo 2008 g.Parlamentot stana so tenko mnozinstvo i se pravea kombinacii od opozicijata so novo parlamentarno mnozinstvo,bez izbori da dojdat na vlast,sprotivno od voljata na narodot.I dosta so toa tvoe zaednicka vlada.Ne razbiras deka nema da ima takva vlada,a i nema ama bas nikakva pricina za toa.I ne doagja nikakva pricina.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |