28.07.2012, 18:45 Шевченко го напушта фудбалот
По завршувањето на Европското првенство Шевченко се повлекол и од репрезентацијата на Украина
Најдобриот украински фудбалер Андреј Шевченко ја заврши фудбалската кариера и во иднина ќе се занимава со политика, соопшти денеска неговиот клуб „Динамо Киев“.
Некогашниот фудбалер на италијанскиот „Милан“ и англискиот „Челзи“’ има 35 години, а се уште не се познати деталите за неговиот иден политички ангажман.
Шевченко наводно, по завршувањето на Европското првенство, се повлекол и од репрезентацијата на Украина. |