Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
27.07.2012, 11:18

Почнуваат 30. Олимписки Игри во Лондон

Церемонијата на Свеченото отворање на Игрите почнува вечерва во 21 часот и 12 минути по македонско време

Свеченоста на отворањето на Олимписките Игри во Лондон, наречена „Остров на чудата“, почнува вечерва симболично во 20 часот и 12 минути по локално време, на Олимпискиот стадион, односно во 21часот и 12 минути по македонско време.

Церемонијата на Свеченото отворање на Игрите од претходно планираните три ипол часа скусена е за половина час, со цел десетините илјади гледачи да можат да се вратат во своите домови со мрежата на јавиот превоз, соопштија организаторите.

Отворањето на ОИ на Олимпискиот стадион во источен Лондон ќе го гледаат 62 илјади луѓе, а ширум светот церемонијата ќе ја следат околу милијарда луѓе.

На само неколку часа пред отворањето, самиот церемонијал останува најстрого чувана тајна. Во друштво на боксерската легенда со исклучително кревко здравје Мухамед Али, кој пред 16 години во Атланта со треперлива рака веќе заболен од Паркинсовата болест го запали Олимпискиот пламен, англиската спортска икона Дејвид Бекам потврди дека ќе има улога во приредбата, но одби да открие детали.

Дени Боил, англискиот режисер награден со Оскар за филмот „Милионерот од улица“, е големиот шеф на големата тричасовна парада, а на која домаќинот потроши 27 милиони фунти, односно 35 милиони евра. Шекспировата „Бура“ на Боил му беше главната инспирација за режијата на големата приредба на отворањето на игрите.

- Ќе се обидеме преку танц, игра, драматургија...да му ја доближиме на светот сликата за себе, каде сме дошле, како сме живееле и каде и што сакаме да бидеме, рече Боил притоа изразувајќи воодушевување од десетината илјади млади волонтери со кои со месеци вежба.

- Вчудоневиден сум од нивната несебична преданост, тие се најчистото огледало на олимпискиот дух и го претставуваат најдоброто од она што сме како народ, нагласи тој.

Сите клучни детали од приредбата, на пример кој ќе втрча со Олимпискиот факел на стадионот, кој ќе го запали Олимпискиот оган, кој во името на спортистите ќе ја положи олимписката заклетва традиционално се грижливо чувана тајна.

Овогодишните игри ќе се одржат на спортските терени во Олимпиското село во Лондон, и на одделни места надвор од градот, а ќе учествуваат околу 10 илјади и 500 натпреварувачи од 204 земји.

Програмата предвидува натпреварување во 26 олимписки спортови, односно 29 дисциплини. Во организацијата на овогодинешните Олимписки игри вложени се вкупно 11,6 милијарди евра.

Факелот со кој ќе биде запален Олимпискиот оган што ќе го означи почетокот на Игрите, на патот од Олимпија во Грција до стадионот во Стратфорд во Лондон, мина 12,875 метри.

Олимписките игри ќе бидат обезбедувани од 200 илјади луѓе, од кои дури 16 илјади се професионални војници. За безбедноста на учесниците ќе се грижат и три илјади волонтери, како и регуларна полиција.

Јапонецот Хироши Хокетцу е најстариот спортист кој ќе се натпреварува на Олимпијадата. Тој има 71 година и ќе се натпреварува во јавање со својата кобила Виспер, која е 15 години стара.

Домаќинот на Олимписките игри во Велика Британија со оптимизам го дочекува почетокот на натрпеварувањето надевајќи се дека ќе освои најголем број медали во својата историја.

На Олимписките игри во Пекинг, Велика Британија освои 47 медали од кои 19 беа златни. Поради тоа Олимпискиот комитет како овогодишна цел на домаќинот на игрите наведе освојување 48 медали во Лондон. Британскиот тим ќе биде преставен од 542 натпреварувачи, што е најголем број на спортисти од Велика Британија кој учествувал на некои игри, па тоа е и една од причините поради која се очекуваат голем број медали.

Инаку, Лондон - градот домаќин на претстојните 30. Летни Олимписки игри, оваа година станува и првиот град во кој Игрите ќе се одржат три пати. Претходно беше домаќин во 1908 и 1948 година.

Лондон стана град домаќин на 6 јули 2005 година, за време на 117.Седница на Меѓународниот олимписки комитет во Сингапур, убедувајќи ги Москва, Њујорк, Мадрид и Париз после четири круга гласања.

Игрите кои ќе траат од 27 јули до 12 август заедно ги организираа Олимпискиот комитет на Велика Британија и Меѓународниот олимписки комитет.


Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар



По 33-ти пат Илинденски пливачки маратон на Охридското Езеро
Фелпс најуспешен спортист на Олимписките игри
Тошак го соопшти списокот со фудбалери за дуелот со Литванија
Игра пинг-понг без една рака!
Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Ле Клос од Ј. Африка го победи Фелпс на 200 метри градно
Најмладите освојувачи на олимписки медал
Кинската пливачка Је Шивен не земала допинг
Преглед на освојувачи на медали - 4.ден
Шивен Је - кинеско пливачко чудо или допинг скандал?
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Домаќинот гневен – ВИП-местата на ОИ останаа празни
Ѓоковиќ и Ферер победија пред дождот
Шпанците ги спакуваа куферите
Милевски на клупата, Гешоски во нападот
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Хамилтон најбрз на трката за ГН на Унгарија
(ФОТО) Илчо Ѓорѓиоски избран за претседател на ФФМ
Одиграни натпреварите од 1.коло на женскиот одбојкарски турнир
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Винокуров олимписки шампион во велосипедизам
Македонско олимписко досие - од блесок до депресија
Шевченко го напушта фудбалот
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Блажевски поспор три секунди од личниот рекорд
Олимпискиот дух е ослободен
Заедништвото е најважниот олимписки идеал
Металург убедливо поразен и во реваншот

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Преглед на освојувачи на медали - 4.ден
По четвртиот натпреварувачки ден 43 држави имаат освоено медали...
Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |