31.07.2012, 22:01 Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со неверојатни 25:23
Французинот Жо Вилфред Цонга и Канаѓанецот Милош Раониќ го соборија рекордот во времетраење на еден сет на олимпијадите. Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со неверојатни 25:23.
Досегашниот рекорд на Олимписките игри беа 30 гема во еден сет. Тоа се случи во Атина во 2004 година во мечот за третото место во кој Чилеанецот Фернандо Гонзалез славеше над Американецот Тејлор Дент со 16:14 во последниот сет. (С.Д.) |