03.08.2012, 12:17 (Обновено) Досиеjата на лустрираните објавени на Интернет
На својата веб страница Комисијата за верификација на фактите синоќа ги објави имињата и досиеjата на 11 лица
Комисијата за верификација на фактите синоќа на својата веб страница ги објави имињата и досиејата на 11 лица за кои утврди дека биле соработници на тајните служби.
Објавените решенија и докуметни за нив се достапни на сајтот на Комисијата http://www.kvf.org.mk/mk/resenija.html .
Комисијата во понеделникот ги потврди решенијата за 11-те лица, според новиот Закон за лустрација, кој меѓу другото предвидува нивно објавување на Интернет во рок од три дена.
Дел од членовите на Комисјата беа против повторното разгледување на предметите, имајќи предвид дека Уставниот суд укина некои одредби од стариот закон за лустрација, а Управниот суд ги укина решенијата на лустраторите. Тие сметаат дека со јавното објавување се кршат Уставот и правото на приватност на лицето прогласено за соработник.
Претседателот на Комисијата Томе Аџиев и останатите членови, пак, повикувајќи се на новиот Закон за лустрација, сметаат дека законската обврска мора да се почитува, а соработниците на тајните служби да бидат јавно објавени. |