03.08.2012, 11:09 Рекордна победа на американскиот „дрим тим“
Американците остварија рекордна победа против Нигерија на Олимписките игри со 156:73
Американскиот „дрим тим“ оствари рекордна победа против Нигерија на Олимписките игри со 156:73. Со овој резултат е надминат рекордот од 138 поени постигнати поени на Бразил против Египет од ЛОИ 1988 (Сеул), потоа рекордни 78 поени во првото полувреме (Бразил – Кина во Сеул , „кариоките постигнале 72), како и најголема разлика од 83 поени која досега важеше од 1956 година (САД – Тајланд 101:29).
На другите два натпревара од 3.коло во А групата: Франција – Литванија 82:74 и Аргентина – Тунис 92:69.
Табела А група: САД 6 бодови, Аргентина и Франција по 5, Литванија и Нигерија по 4, Тунис 3.
Европскиот првак Шпанија постигна минимална победа во натпреварот од 3.коло од Б групата против домаќинот Велика Британија со 79:78.
Победа од еден поен разлика (75:74) оствари и Русија во дуелот со Бразил благодарение на „тројката“ Витали Фридзон во последните секунди. И ова беше натпревар од Б групата, каде Австралија беше убедлива во дуелот со Кина – 81:61.
Табела Б група: Русија и Шпанија по 6, Бразил 5, Австралија 4, Велика Британија и Кина по 3. |