29.07.2012, 16:55 Хамилтон најбрз на трката за ГН на Унгарија
Возачот на „Мекларен Мерцедес“ ја постигна втората победа сезонава во Формула 1, откако попладнево триумфираше на „Големата награда на Унгарија“
Луис Хамилтон, возачот на „Мекларен Мерцедес“ ја постигна втората победа сезонава во Формула 1, откако попладнево триумфираше на „Големата награда на Унгарија“ што се возеше на патеката во Хунгароринг во Будимпешта.
На втората и на третата позиција се пласираа возачите на „Лотус“ Кими Раиконен (втор) и Роман Грожан (трет).
Фернандо Алонсо со освоеното петто место денеска и натаму е лидер со 164 бодови, пред Марк Вебер со 124, Себастијан Фетел има 122, а Хамилтон има 117.
Кај конструкторите „Ред Бул“ е прв со 246 бодови, пред „Мекларен Мерцедес“ со 193.
На 2 септември се вози следната трка за Големата награда на Белгија. |