29.07.2012, 10:45 Прва Црвена листа на габите во Македонија
Македонското миколошко друштво при Природно-математичкиот факултет во Скопје за првпат изработи Црвена листа на габите во Македонија, според категориите и критериумите на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН).
Црвената листа е всушност список на габи категоризирани според пет степени на загрозеност и вклучува 213 вида, од кои 21 се критично загрозени, 30 се загрозени, а 71 се ранливи.
Исто така за првпат се дефинирани 20 значајни подрачја за габи во земјата.
Најголемиот дел од научните истражувања се овозможени со средства доделени од британската Фондација „Рафорд“, во рамките на Програмата за мали грантови. Теренски истражувања беа вршени низ целата Република, а собраните видови габи се чуваат во Националната збирка на габи при ПМФ во Скопје.
Црвената листа на габите е достапна на интернет на следниов линк: http://www.ruffordsmallgrants.org/rsg/projects/mitko_karadelev_0 . |