27.07.2012, 15:04 Исполнувањето на ветувањата останува приоритет на Владата
По повод една година од изборот на Владата премиерот Груевски соопшти дека реализацијата на ветувањата се императив и приоритет и на овој Кабинет
Работа во интерес на народот, останување доследни на зборот и исполнување на даденото ветување е императив и приоритет од кој Владата нема да отстапи. Вака премиерот Никола Груевски се обрати по повод една година од изборот на оваа Влада.
- Денеска Македонија и покрај бројните предизвици и проблеми со кои се соочува оди напред. Патот е трасиран, а целта е видлива и достижна. Реформите се спроведуваат, но секако има уште многу работа пред нас. Уште доста треба да сработиме за да кажеме стигнавме до целта. Ние не се плашиме од работа и не се повлекуваме пред предизвиците, истакна премиерот Груевски.
Тој потенцира дека Владата во својата работа се осврнува на целата територија на Република Македонија за да ги задоволи потребите на граѓаните и на секој поединец без разлика на неговата национална верска припадност и политичка ориентација.
Премиерот Груевски потенцира дека Владата работи според програмата и дека во овој период се реализираат и проекти кои не биле предвидени во неа. Посочи дека целосно се завршени 380 проекти, 470 се во тек и најави дека заедно со граѓаните и во иднина ќе работи на илјада проекти.
- И во вој период на работа се водевме од петте стратешки приоритети, зголемување на економскиот раст, интеграција во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата, добри меѓуетнички односи, инвестиции во образованието и наука, потенцира премиерот Никола Груевски. |