27.07.2012, 22:29 (OБНОВЕНО) Убиен 53-годишен маж во охридското село Орман

Полицијата денеска соопшти дека 53 годишниот Ѓорѓи Б. од Охрид синоќа е убиен во семејната куќа во охридското село Орман од страна на З.С.(1936), татко на неговата сопруга.
Убиството, како што соопшти МВР, се случило во 18 и 30 часот. Ѓорѓи во повеќе наврати дента доаѓал во викенд-куќата на З.С. во село Орман заканувајќи се дека ќе му ги убие сите роднини. Околу 18,30 часот Ѓорѓи сакал да влезе преку прозор во куќата, по што З.С. ја земал пушката мислејќи дека е празна и сакајќи да го заплаши, испукал еден куршум погодувајќи го Ѓорѓи во пределот на градите.
Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и екипа од СВР-Охрид. По наредба на Истражен судија, телото на починатиот е предадено на обдукција. З.С. е приведен во Полициската станица-Охрид. |