30.07.2012, 15:30 Обид за убиство во Сенокос
Едно лице се бори за живот, а двајца се полесно повредени во инцидент кој се случил пред продавницата во прилепското село Сенокос. Според полицијата, 43-годишниот Т.Д. поради долготрајни расправии и нетрпеливост, пукал со пушка кон 42-годишниот соселанец Г.М. нанесувајќи му тешки повреди во стомакот.
Инцидентот се случил пред селската продавница. Во близина на повредениот се наоѓале уште двајца соселани и тие биле нападнати.
„Т.Д. пукал и кон 70-годишниот соселанец кој во тој момент седел пред продавницата. Сопственикот на дуќанот се обидел да му ја одземе пушката на напаѓаот, но неговиот внук го спречил во намерата и почнал да пука во воздух“, велат во полицијата. Потоа двајцата напаѓачи се нафлиле врз третиот соселанец, го претепале и го влечеле по асфалтниот пат, по што во бессознание го фрлиле крај патот.
Повредените се хопитализирани, напаѓачите ќе одговараат за обид за убиство. (Мн.Т.) |