27.07.2012, 12:26 Пожарот кај Богданци активен, но под контрола
Пожарот кај Богданци е се уште активен, но е ставен под контрола. Тој вчера попладне избувна во месноста Воденичар, а силниот ветер го ширеше кон селото Селемлија, браната Карабалија и кон месноста Расадник.
Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето се вклучија пожарникари од Богданци и екипи од Територијалната противпожарна единица на Гевгелија и вработени во ЈП Македонски шуми.
Опожареното подрачје ноќта беше контролирано од дежурна екипа од ЈП „Комунална чистота“ од Богданци, која беше на местото каде прелевањето на огнот беше најризично - фронтот од Првата светска војна каде има многу неиспукани гранати.
Претпладнево на терен се пожарникарите од Богданци и Гевгелија кои помогнати од екипа на Шумско стопанство „Кожуф“ од Гевгелија работат на гаснење на пожарот. |