Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.07.2012, 18:55

Од идната година помала основицата за пензија

Процентот за висината на пензијата се намалува за еден отсто и се утврдува на 1,61 отсто од пензиската основа, а ќе важи за пензиски стаж остварен по 1 јануари 2013 година

Основицата за пресметување на пензија се намалува од 1 отсто на 0,75 за мажи и на 0,86 за жени од висината на платата во изминатите години стаж. Оваа измена во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, и покрај бројните реакции дека со неа ќе се намалат идните пензии за најмлаку 8 отсто, вчера доби виза од Собранието, а ќе се применува од јануари идната година. Со предложените измени процентот од кој се определува висината на пензијата, всушност се утврдува на 1,61 отсто од пензиската основа, а ова ќе важи за пензиски стаж остварен по 1 јануари 2013 година. Тоа значи дека осигуреник кој има 30 години пензиски стаж до 31.12.2012 година, процентот од пензиската основица ќе му се определува како и досега. Односно за 30 години пензиски стаж ќе добие 62 отсто (маж) или 72 отсто (жена).

Пратеникот Голупчо Ангелов од СДСМ на вчерашната собраниска расправа рече дека во Законот има сериозни измени со кои се прави директна штета на пезионерите. А според Панче Орцев од СДСМ, идните пензионери ќе имаат помала основица на пресметување на пензија.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, пак рече дека до крајот на годинава ќе има зголемување од пет отсто на пензиите и платите.

„Пензиите од 1 јануари 2011 година се усогласија за 0,75 проценти, а од 1 јули за 2,10 проценти или вкупното усогласување изнесува 2,86 проценти. Во 2007 година просечната пензија изнесува 7.848 денари, во 2008-9.541 денар, во 2009-10.057 денари, 2010-10.273 денари, 2011-10.682 денари. Секоја година имаме реален пораст на просечната плата“, посочи Ибрахими.

Кога беше предложено кратење на процентот на основицата за пензија, правните експерти предупредија дека пензиите во иднина може да бидат помали дури за 15 отсто и тоа најмногу ќе ги погоди оние кои не се пристапени во вториот пензиски столб и имаат над 40 години стаж, за мажи и над 35 години стаж, за жени. Од Владата, пак објаснувањето беше дека процентот од кој се определува пензијата треба да се приспособи, поради тоа што пензиите целосно се финансираат од уплатата на пензискиот придонес. Тоа, нема да влијае врз висината на пензијата, уверуваат од Министерството за труд и социјала, бидејќи нема да се ограничува досегашниот процент на пензиите од 80 отсто од платата.

Законските измени кои минаа на Праламентот, предвидуваат и корисниците на пензија еднаш годишно да доставуваат и потврда за живот до Фондот за пензиско и и��валидско осигурување. Со неа ќе се спречеле досегашните манипулации околу исплатата на пензии на починати лица.(Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 5550 пати.

Испрати коментар



Конститутивна седница на Советот на јавни обвинители
НАТО треба да остане во Авганистан се додека не си ја заврши работата
НБРМ ja намали прогнозата за растотот на БДП годинава
Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Илинден
Сириските христијани бегаат од земјата стравувајќи од Mуслиманското братство
Во Прилеп отворен Институтот за композитни материјали и роботика
Владата со мерки за состојбата со пожарите
Дo МВР доставен фоторобот на терористoт од Бургас
Струјата поскапа за 9,83 проценти, парното од 3,75 до 3,88 проценти
Двајца српски војници загинаа на Копаоник
(ФОТО) ХЕЦ „Света Петка“ од денеска во функција
Честитка од претседателот Иванов по повод Илинден
Пожарот во Ресен се шири кон Пелистер, во Валандово активен, но под контрола
Пратениците од денеска на годишен одмор
Воспоставено снабдувањето со струја во Индија
Втори август неработен ден за сите граѓани
Променливо облачно со локален пороен дожд
НАТО останува во Авганистан и по 2014 година
Конгресмен од Њу Џерси се приклучи на македонската група во Конгресот
Активни пожари на Кожуф и во Конче
Намален бројот на работниците во индустријата
Кичевчанка си ја убила двомесечната ќерка
ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ
Грција банкротира уште во март годинава
Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница
Половина Индија остана без струја
Грчките коалициски партнери никако да се договорат за мерките за штедење
Помошта на Франција за домашната автоиндустрија е легална
Ограничено движење низ Националниот парк „Маврово“
Во Македонија, генерално, се почитуваат верските слободи
Пожарите во Македонија ставени под контрола
Сончево со слаб до умерен ветер
Нема опасност пожарот да ги зафати куќите во село Долно Дупени
Жежок септември за името
Обид за убиство во Сенокос
Зајакната безбедноста во бугарската нуклеарка „Козлодуј“
„Галуп интернешенел“ - Македонците најрелигиозни во Европа
За мнозинството македонски граѓани ин��еграцијата во ЕУ и НАТО нема алтернатива
Бензините поскапуваат за два, а дизелот за три денари по литар
Кривична пријава против едно лице за предизвикување шумски пожар во Струмичко
Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Тетовско
Тројца загинати во две сообраќајни несреќи
Двајца турски војници загинаа во судир со курдските бунтовници
Брејвик порано или подоцна ќе биде ослободен
Прием на Македонија во НАТО како дел од поширок план за регионот
Басеску останува претседател
ОН бараат безбеден пристап до Алепо
(ОБНОВЕНО) Активни пожарите во Струмичко и во Василево, локализиран во Ресенско
Сончево и многу топло
Железничкиот сообраќај со Грција прекинат поради превртени вагони
На 1 август почнува полнењето на ХЕЦ „Св. Петка“
Сирија нема да употреби хемиско оружје против бунтовниците
Комплетна климатизација на Детската клиника во Скопје
Повторно активен пожарот кај Струмица, гори и во Василево
Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица
Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Охрид
Прва Црвена листа на габите во Македонија
Над два тони марихуана пронајдени на гробишта во Мексико
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон



evro-makedonec, 30.07.2012 19:20:08
Toa ne menuva nisto, i onaka nikoj penzioner nema da glasa za ovcarot i negovite ovci
koki, 30.07.2012 19:40:57
Со други зборови, она што Грујо ќе ти го даде, по некое време низ нос ќе ти го земе..........Наздравје пензионери, гласајте си го Грујо повторно...............
Ista penzija za site !!!, 30.07.2012 20:49:24
Ne zanm tochno za shto se raboti, no momentnite presmetki za penzija se ne realni vo odnos na realnata beda vo Makedonija. Taka imame sluchaj da obichen policaec (ne celosna SSS) sega zaminuva vo penzija so 29.000 denari, a negoviot postar kolega koj zamina vo penzija pred 5 godin, zema 17.000 denari. Se isto, edinstveno e razlikata 5 godini pomladi i 200 evra povece penzija. Za seto vreme, rabotnikot ne prima nitu zagarantiranite 8.050 denari. Pa neshto navistina ne e v red! Bi mi bilo milo ako so ovaa se neshto korigira. A najdobro bi bilo da site penzioneri primaat ista penzija, posebno shto seushte komunistichkata e aktuelna, a ne ovie stolbovi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Преглед на освојувачи на медали - 4.ден
По четвртиот натпреварувачки ден 43 држави имаат освоено медали...
Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |