30.07.2012, 12:42 Тројца загинати во две сообраќајни несреќи
Во последните десетина часа на македонските патишта во две одделни сообраќајни несреќи загинаа три лица.
Од МВР соопштуваат дека првата сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Робовска раскрсница-село Банско кога автомобил марка „Хјундаи“ управуван од К.П. излетал од патот. Во несреќата загинал 35-годишниот полицаец Е. Д. од село Банско, а со полесни повреди се здобил 40-годишниот М.А. од Радовиш.
Половина час пред полноќ во друга сообраќајна несреќа синоќа загина камионџија на регионалниот пат Берово-Струмица, кај местото „Осмиците”. Камионот управуван од 42-годишен жител од Пехчево, изгубил контрола, излетал од патот, па се превртел. Во несреќата загинал камионџијата, негов сопатник, а девојката која патувала со нив е тешко повредена. |