30.07.2012, 19:42 Домаќинот гневен – ВИП-местата на ОИ останаа празни
Поради големиот број билети што им беа доделени на спонзорите и важни личности обичните гледачи не можеа да ги купат во слободна продажба
Организаторот на Олимписките игри поведе истрага за многубројните празни места во текот на првиот натпреварувачки ден. ВИП-местата за пливањето, како и терените на Вимблдон беа речиси празни.
Поради големиот број билети што им беа доделени на спонзорите и важни личности обичните гледачи не можеа да ги купат во слободна продажба.
„Оваа ситуација е многу фрустрирачка, публиката требаше да биде поттик за натпреварувачите. Ќе се потрудиме да дознаеме зошто ВИП-местата се празни“, изјави секретарот на Министерството за култура, Џереми Хант.
Засега како единствено решение за слабата посетеност на Игрите е пополнување на местата со армија на волонтери. Претежно станува збор за војници, студенти и лица од образованието, кои веќе добиле покана да се појават на критичните натпреварувања.
|