31.07.2012, 21:14 НАТО останува во Авганистан и по 2014 година
НАТО ќе го намали военото присуство во Авганистан, но нема целосно да се повлече откако ќе заврши мисијата на ИСАФ на крајот на 2014 година, изјави австралискиот генерал-мајор Стивен Деј, кој е заменик началник на силите на НАТО во Авганистан.
- Меѓународната заедница презеде ангажман да остане со авганистанската Влада и луѓето тука, за да гарантира дека ќе имаат стабилна иднина, рече тој на видео-конференциска врска во Брисел.
Поводот за изјавата беа околу 300 малубројни воени меѓународни тимови, кои ќе ги советуваат авганистанските војници како дел од плановите да бидат испратени на предната линија во борбата со талибанците. Главен дел од воените инструктори се од САД. |