03.08.2012, 12:59 Иран се согласи на нови преговори за нуклеарната програма
Главниот ирански преговарач за нуклеарните прашања Саид Џалили се согласил да води нови разговори со Западот кон крајот на овој месец, изјави шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.
- Јас предложив и тој се согласи да ги разгледаме повторно овие прашања кон крајот на месецов по период на размислување, истакна Ештон по телефонскиот разговор со Џалили.
Таа не потврди дали ќе се разговара во четири очи или тоа ќе бидат само нови телефонски контакти.
- Потенцирав дека е потребно Иран да одговори на проблемите кои се покренати од нас, со цел да се воспостави доверба, нагласи Ештон.
Таа објасни дека „ги проучила дипломатските патишта за намалување на меѓународната загриженост за иранската нуклеарна програма“. |